МАКЕДОНИЈА

Ваучери од 3.000 до 30.000 денари за ученици и студенти

среда, 20 мај 2020

Три типа парична поддршка во вид на ваучери за средношколци, студенти и за млади лица до 29 години е додели Владата за да се подобри куповната моќ, најави денеска министерот за образование, Арбер Адеми.

Првиот тип е еднократна помош до 6.000 денари за средношколци и студенти од семејства со ниски примиња, а овие ваучери ќе бидат наменети исклучиво за покривање на партипацијата на студирање и сместување во студентските домови.

Вториот тип е домашна платежна картичка со износ од 3.000 денари, наменета за студентите за купување на домашни производи.

Третиот тип на поддршка е ваучер до 30.000 денари за млади до 29 години наменет за кофинансирање обуки, тренинзи и курсеви за ИТ едукација и дигитални вештини.

Адеми истакна дека со ова одлука се опфатени околу 100.000 корисници, а ќе се потрошат 12 милиони евра. Спроведувањето на мерката се најавува за крајот на јуни и почетокот на јули, а начинот за апликација ќе биде објаснет наскоро.

 

Содржината е прочитана 44 пати.