Бизнис вести

Бектеши: Угостителите ќе почнат да работат кога ќе кажат здравствените експерти

вторник, 19 мај 2020

Министерството за економија, како надлежно за секторот угостителство ги почитува сите предлози и препораки од Комисијата за заразни болести. Во зависност од препораката од Комисијата, Владата ќе расправа и ќе донесе соодветна одлука кога ќе почнат со работа угостителските објекти, порача денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

„Комисијата и предлага на Владата кои објекти првично ќе бидат отворени и во кои фази кои објекти и кои сектори првично ќе почнат со работа. Како Министерство ги дадовме своите забелешки и сугестии за протоколот што ни беше доставен, но крајниот збор го има Комисијата за заразни болести“, изјави Бектеши.
 

Содржината е прочитана 240 пати.