Инфо

Македонските државјани од 1 јуни ќе влегуваат во Србија без тест за Ковид-19

вторник, 19 мај 2020

Македонските државјани од 1 јуни слободно ќе можат да влегуваат во Србија без обврска да докажуваат дека имаат негативен тест на коронавирус.

Српската премиерка, Ана Брнабиќ изјави дека ова ќе важи и за државјаните на Албанија, Црна Гора и БиХ.

„Од 1 јуни почнува да важи слободниот режим на преминување на границата со четири држави во регионот - Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Северна Македонија. Граѓаните на овие земји нема да имаат обврска да докажат дека имаат негативен тест на Ковид-19. Ова и натаму ќе важи за странците од останатите држави“, рече Брнабиќ.

Таа нагласи дека кризата со коронавирусот не е завршена, но засега не се планира воведување на нови мерки. Потенцирајќи дека ќе се настојува влезот во Србија што повеќе да се либерализира, премиерката дека освен заштитата на здравјето на граѓаните, целта е економско заздравување на земјата и раст.

 

Содржината е прочитана 55 пати.