Бизнис вести

Исплатени 14,3 милиони евра преку мерката „14.500 денари по вработен“

петок, 15 мај 2020

Преку мерката 14.500 денари по вработен исплатени се над 14,3 милиони евра на 10.103 фирми, објави министерката за финансии Нина Ангеловска на својот фејсбук профил.

„Управата за јавни приходи ги доставува барањата до Генералниот секретаријат, кој префрла средства до компаниите. Забрзано се работи кон сервисирање на сите одобрени апликации. Преку оваа мерка ќе се зачуваат работните места во фирмите погодени од Ковид-19 кризата, а воедно ликвидносно ќе се помогне и стопанството“, вели Ангеловска.
 

Содржината е прочитана 234 пати.