Бизнис вести

„Макпетрол“ ќе исплати дивиденда за лани по 2.000 денари за акција

четврток, 14 мај 2020

„Макпетрол“ ќе исплати дивиденда за минатата година, а на акционерите ќе им биде исплатено по 2.000 денари бруто за една акција. Вкупниот износ што ќе го исплати компанијата е 202.758.000 денари, односно, 3,3 милиони евра. Дивидендата ќе биде исплатена на 30 септември годинава. Одлуката за распределба на дивидендата треба да ја донесе Собранието на акционери закажано за 20 јуни, соопшти компанијата преку Македонска берза.

„Дивидендата ќе биде исплатена во пари. За датум на пресек на акционерската книга според која се определеува листата на акционери кои имаат право на исплата на дивиденда се утврдува 21.07.2020 година. За последен ден на тргување со право на дивиденда се утврдува 17.07 2020, а за прв ден на тргување без право на дивиденда се утврдува 20.07.2020“ соопшти компанијата.

„Макпетрол“ во 2019 година оствари добивка во вкупен износ од 878.150.912 денари, а акумулираната добивка изнесува 393.088.984 денари, односно вкупно 1.271.239.896 денари.
 

Содржината е прочитана 139 пати.