Бизнис вести

За 10.103 фирми одобрена помош за исплата на плата за април

Вкупниот износ на одобрени финансиски средства за исплата на плати за месец април 2020 година изнесува 885.868.773 денари

четврток, 14 мај 2020

Управата за јавни приходи досега одобри финансиска поддршка за исплата на минимална плата за април за вкупно 10.103 фирми.

Од Управата информираат дека уште 4.962 фирми ги исполниле условите за финансиска поддршка за исплата на плата за месец април 2020 година, а износот на одобрената финансиска поддршка изнесува 377.921.509 денари. До Генералниот секретаријат на Владата е доставено второто известување за одобрени и прифатени барања за финансиска поддршка. .

„Согласно второто известување, вкупниот износ на одобрени финансиски средства за исплата на плати за месец април 2020 изнесува 885.868.773 денари за вкупно 10.103 фирми“, велат од УЈП и дополнуваат дека се обработуваат и останатите поднесени барања за финансиска поддршка.

 

Содржината е прочитана 206 пати.