Бизнис вести

Од денеска повторно работат трговските центри и обложувалниците

Моловите ќе работат со скратено работно време од 10 до 18 часот, а во недела ќе бидат затворени, додека рестораните и кафулињата кои се во склоп на моловите ќе работат само преку шалтер или достава

вторник, 12 мај 2020

Од денеска повторно почнуваат да работат едукативните центри како што се автошколите, авто-испитните центри, спортски центри, обложувалници со шалтер систем, како и трговските центри и моловите но без угостителските дејности и со скратено работно време од 10 до 18 часот, додека во недела ќе бидат затворени. Угостителските објекти засега остануват затворени и за нив Владата ќе разговара следната недела.

Премиерот Оливер Спасовски вчера најави трета фаза на олеснување на мерките и постепено целосно враќање на работниот процес со почитување на превентивните мерки за лична хигиена и дистанца.

„Сметаме дека ситуацијата е под контрола, а здравствениот систем постигнува ефикаснот во справување со фаталниот вирус Ковид-19. Оваа ситуација е резулатат на сеопфатни и системски мерки носени исклучиво врз основа на препораките од Космисијата за заразни болести и врз основа на нивните научни анализи и СЗО“, рече Спасовски и истакна дека Комисијата укажува дека влегуваме во период кога се очекува дополнително опаѓање на интензитетот на вирусот, што ја отвора можноста за попуштање на мерките, но под крајно прецизни услови и критериуми. Сепак, сите наредни мерки, како што рече, ќе зависат од тоа како се однесуваме и колу одговорност ќе покажеме.

Моловите се отвораат со почитување на строгите правила за спечување на ширењето на короавирусот. Протоколот предвидува задолжително регулирање на влезот во затворениот продажен центар од страна на овластено лице за да нема групирање на луѓе во ходниците, задолжителна лична заштита, како и дезинфекција на моловите. Рестораните и кафулињата во моловите ќе работат само преку шалтер или достава.

Спасовски појасни дека првата фаза на олеснувања опфаќа тековно функционирање на стопанските дејности во време на вонредна состојба и ограничување на движење, со постепено намалување на времетраењето на ограничувањето. Втората фаза е транзициона, односно, иницијално воспоставување на работните процеси со строго одредени мерки, додека третата фаза е потполно враќање на редовниот работен процес, со почитување на противепидемиски мерки.

Околу третиот сет економски мерки премиерот рече дека се уште се разговара и тие се во работна верзија.

 

Содржината е прочитана 128 пати.