Бизнис вести

Ангеловска и Брнз разговараа за економската ситуација во земјава во услови на Ковид-19 кризата

вторник, 12 мај 2020

Министерката за финансии, Нина Ангеловска и амбасадорката на САД во земјава, Кејт Брнз на онлајн средба разговараа за актуелните случувања во економијата на земјава и справувањето со последиците од Ковид-19, како и за идните иницијативи на САД за помош и поддршка на приватниот сектор и јакнењето на граѓанското општество.

„На состанокот министерката за финансии Ангеловска информираше и за тековната состојба на економијата и соочувањето со Ковид-19 кризата. Таа посочи дека земјата веќе ги реализира двата сета на антикризни мерки за кои има голем интерес, како и дека во подготовка е нов сет на мерки кои ќе бидат дизјанирани во насока на поддршка на стопанството во периодот на опоравување“, соопшти Министерството за финансии.

Од двете страни било афирмирано долгорочното пријателство помеѓу двете земји и поддршката која САД ја дава на земјава во сите сфери на нејзиниот развој.
 

Содржината е прочитана 171 пати.