Култура

Десеттиот саем на книгата во Кочани ги оправда очекувањата на читателите

Десеттиот саем на книгата кој се одржуваше од 13-ти до 20 ноември во просториите на библиотеката „Искра“ во Кочани ги оправда очекувањата на организаторот и на 14-те издавачки куќи од Македонија кои понудија свои изданија на саемот. 

понеделник, 23 ноември 2015

Десеттиот саем на книгата кој се одржуваше од 13-ти до 20 ноември во просториите на библиотеката „Искра“ во Кочани ги оправда очекувањата на организаторот и на 14-те издавачки куќи од Македонија кои понудија свои изданија на саемот.

- На саемот беа понудени за продажба вкупно 4.200 книги или 870 наслови од 14 издавачки куќи од Македонија, кои понудија за продажба дела од нивната најнова продукција. На саемот се продадени 1098 книги или 27 отсто од понудените книги, рече денеска на прес-конференција Сузана Ѓоргиева, директор на кочанската библиотека.

Таа информираше дека бројот на читателите во библиотеката, еден месец пред крајот на 2015 годиуна, достигнал 2200 членови, што е трипати повеќе од 2003 година кога членувале 697 читатели.

(Преземено од МИА)
 

Содржината е прочитана 434 пати.