Бизнис вести

Расте вредноста на акциите на „Макпетрол“

За 40,81 процент порасна вредноста на акциите на „Макпетрол“ во април во однос на март и достигна просечна цена од 71.105,58 денари, додека најголем пад од 19,75 отсто забележаа акциите на „Тетекс“ Тетово и сега една акција чини 1.600,99 денари

четврток, 07 мај 2020

Дури за 40,81 процент пораснала вредноста на акциите на „Макпетрол“ во април во однос на март, покажуваат податоците на Макеоднската берза. По „Макпетрол“ следуваат акциите на „Окта“ и на Стопанска банка Битола.

Според билтенот на Македонската берза, акцијата на „Макпетрол“ во април достигнала просечна цена од 71.105,58 денари, на „Окта“ пораснала за 38,5 проценти во однос на март и достигнала вредност од 4.155,07 денари, а на Стопанска банка Битола со раст од 31,52 проценти достигнала вредност од 3.025 денари.

Во првите пет фирми чии акции забележале раст на вредноста во април се и „Алкалоид“ со пораст од 30,64 отсто и вредност на една акција од 12.678,13 денари и „Гранит“, чија акција достигна цена од 1.011,36 денари откако во април порасна за 27,88 отсто.

Најголем пад на вредноста, пак, од 19,75 отсто забележаа акциите на „Тетекс“ Тетово и сега една акција чини 1.600,99 денари. Потоа следуваат акциите на Прилепска Пиварница со пад од 17,79 отсто и вредност од 31.100 денари по акција и на Осигурување Македонија АД Скопје – Виена Иншуренс Груп со пад од 15,20 проценти и вредност на една акција 1.400 денари. На четврто место според падот на вредноста се акциите на Фустеларко Борев Битола со пад од 10 отсто и на петто место ВВ Тиквеш Кавадарци чии акции во април вредат 4.734 денари по акција откако вредноста падна за 4,56 проценти.


 

Содржината е прочитана 206 пати.