Бизнис вести

Македонскиот извоз падна за 8,1 проценти во првите три месеци годинава, увозот за 3,5 отсто

Во овој период Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија

вторник, 05 мај 2020

Пад од 8,1 отсто бележи македонскиот извоз ви првите три месеци годинава во однос на истиот перод лани, додека увозот е намален за 3,5 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика вкупната вредност на извозот на стоки од земјава во периодот јануари ‒ март 2020 година изнесува 86,735,871 илјада денари, а вредноста на увезената стока изнесува 118,198,486 илјади денари.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари ‒ март 2020 година изнесува 31,462,615 илјади денари. Покриеноста на увозот со извоз во перидот јануари ‒ март 2020 година изнесува 73,4 проценти.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, додека во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали.

Во првите три месеци оваа година Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија.

 

Содржината е прочитана 195 пати.