Бизнис вести

Намалување на економската активност од 3,5 отсто, најновата проекција на Народната банка

За наредната година се предвидува закрепнување на економијата и раст од 4,7 отсто

вторник, 05 мај 2020

Народната банка ја ревидираше проекцијата за раст на економијата за годинава. Новата проекција е намалување на економската активност од 3,5 проценти за годинава и закрепнување во наредната година за кога Народата банка проектира раст од 4,7 отсто.

Ова го соопшти гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска – Бежоска на денешната прес-конференција на која рече дека се очекува пад на личната потрошувачка од четири проценти, пад од 10 отсто кај бруто инвестциите, кај извозот од 17 проценти и кај увозот 15 проценти.

Народната банка прави ревизија и кај инфлацијата, така што за годинава според проекцијата ќе биде околу нула во однос на претходно предвиденот пад од 1,5 отсто, додека за наредната година 1,5 отсто.

Ревизијата следи како резултат на кризата предизвикана од коронавирусот.

Народната банка прави редовни проекции двапати во годината, едната е во април, а другата во октомври.

Пренесено од МИА
 

Содржината е прочитана 36 пати.