Бизнис вести

Епидемијата ги разниша темелите на градежништвото, локалните власти можат да му помогнат

Според анализата на консултантската компанија „Фортон“ интересот за нови станови во март и април е намален за околу 83 проценти во однос на јануари и февруари. Градежниците бааат општините да ги намалт комуналиите за 50 отсто и така да му помогнат на овој сектор

петок, 24 април 2020

Разнишани се темелите на градежништвото како последица од епидемијата на коронавирус. Кризата ќе има негативен краткорочен до среднорочен импакт врз овој сектор во Македонија, во кој веќе се бележат драстично негативни бројки, особено во делот на новоизградените станови, каде како последица на општата несигурност кај купувачите интересот е намален за повеќе од 80 проценти.

Во анализата на ренoмираната консултанска компанија за недвижности „Фортон“ (Cushman &Wakefield/FORTONKMKA), се вели дека од почетокот на кризата минатитот месец до денес се регистрирани неколкукратни намалувања во интересот на купувачите за нови станбени единици.

„Ние како компанија редовно водиме статистика и анализиза за интересот на потенцијални купувачи за нови станбени комплекси за целата држава а собено за Скопје како најрепрезентативен случај. Нашите податоци покажуваат дека со ограничувањето на движењето и општото чувство на економска несигурност во март и април се бележи намалена посетеност на станбените комплекси на продажба за околу 83 проценти, или за околу пет пати намалување во однос на јануари и февруари. Ова ќе има сериозни импликации врз побарувачката за нови станови, што на крајот ќе се одрази врз целокупниот перформанс на градежниот сегмент во држвата, односно неговата способност да го одржи трендот на еден од главните двигатели на домашната економија во смисла на генерирање вработување и потрошувачка на градежни материјали”, вели Сашо Цветковски, директор на оделот со станбен простор во „Фортон“.

Сепак, постојат механизми со кои може да се запре овој негативен тренд и да му се помогне на градежништвото, а се во раце на локалните власти. Цветковски појаснува дека има позитивни примери од регионот кои можат да се преземат од страна на општините за да му се помогне на градежниот сектор полесно да се справи со кризата.

„Доволно е локалнта власт да размисли за воведување мерки со цел да му помогне на градежништвото. Генерално барање на повеќето градежни фирми, особено од Скопје е да се намалат комуналиите до 50 отсто. Со самото намалување на цените на комуналиите неминовно ќе се намали и трошокот за градба, а со тоа и самите цени на становите. Во услови на пролонгирана криза трендот на намалувње на цените ќе продолжи, а проценката е дека до крајот на годината ќе достигне и до 30 отсто и многу градежни компании ќе изгубат интерес за вложување. Дополнително банките го стегаат обрачот на кредитирање, па ако се знае дека 70 проценти од продажбите се финансираат преку банкарски кредити, ова ќе значи дополнителен предизвик за сите нив. Како плус оптоварување на градежните фирми може да биде и зголемувањето на набавната цена, од причина што се очекува цените на материјалите да се качуваат и тоа од минимум 10 до 20 проценти како последица на факторот - недостиг на производство“, нагласува Цветковски.

Сепак, спореднего, под услов да се стабилизира кризата во третиот квартал од годината, ќе дојде до нормализирање на побарувачката за станови, што во комбиниција со преземните мерки од страна на локалната власт би ги амортизирало негативните трендови од првиот и вториот квартал од годината.

 

Содржината е прочитана 133 пати.