Бизнис вести

Пад на приходите во буџетот од 12,28 отсто во март

Во првата половина на април има пад од 79 отсто кај ДДВ во споредба со истиот период лани, кај данокот на добивка падот е 9, 97 отсто, а кај данокот на личен доход 6 отсто

среда, 15 април 2020

Приходите во државната каса во март годинава се намалени за 12,28 отсто во однос на март минатата година, додека дополнителен пад има во април. Директорката на УЈП, Сања Лукаревска денеска рече дека од јануари до март ова година се остварени приходи во износ од 19 милијарди денари.

Таа појасни дека најголем пад во март, во висина од 16,85 отсто има кај ДДВ, а 10,78 проценти кај данокот на добивка, додека кај данокот на личен доход падот е 1,11 отсто.

„Кога ќе се спореди уплатата на даноците во првата половина на април со истиот период лани се гледа дека има голем пад. Кај ДДВ падот е 79 отсто, кај данокот на добивка падот е 9, 97 отсто, а кај данокот на личен доход 6 отсто“, рече Лукареска.

Во април е зголемн повратот на ДДВ за 51,7 отсто.

Првиот човек на УЈП истакна дека во овој период е забележан раст на придонесите. Кај придонесите за пензиско и инвалидско осигурување има пораст од 10,15 отсто, додека кај придонесите за здравствено осигурување растот е 18,4 проценти.

Лукаревска појасни дека е разгледано барањето на сметководителите за продолжување на рокот за достава на пријавите за ДДВ до крајот на април.
 

Содржината е прочитана 200 пати.