Бизнис вести

Почна со работа владиниот кол центар за компаниите и граѓаните

Заинтересираните може да се јават на броот 02/324-8040 каде е ги добијат сите информации за економските и другите мерки што ги донесе Владата за справување со кризата предизвикана од коронавирусот. Кол центарот ќе работи од 8:00 до 17:00 часот од понеделник до петок, а во сабота од 9:00 до 14:00 часот

понеделник, 06 април 2020

Владата денес го пушти во употреба првиот контакт центар наменет за поддршка на бизнисот и на граѓаните во врска со економските прашања во услови на справување со кризата предизвикана од КОВИД-19.

Заинтересираните компании и физички лица можат да се јават на телефонскиот број 02/324-8040 и да ги добијат сите потребни информации и појаснувања во врска со начинот и можноста за користење на економските и други мерки што ги усвои Владата за полесно справување со кризата предизвиката од коронавирусот.

На LIVE Call Center - контакт линијата, која што е донација од компанијата Ассеко СЕЕ Македонија ќе одговара стручен тим на македонски и албански јазик.

Кол центарот ќе работи од 8:00 до 17:00 часот од понеделник до петок, а во сабота од 9:00 до 14:00 часот.
 

Содржината е прочитана 147 пати.