Бизнис вести

Нема намалување на платите на јавната администрација, сите функционери на минимална плата

Исклучок од мерката за минималец се директорите во јавните здравствени организации

вторник, 31 март 2020

Сите избрани и именувани функционери во април и во мај ќе земат минимална плата од 14.500 денари, нема да има кратење на платите на другите вработени во јавниот сектор. Исклучок од мерката за минималец се директорите во јавните здравствени организации, одлучи Владата.

„Презедовме многу сериозни и драстични мерки. Некои како вонредната состојба беа тешки, но неминовни. И дадоа резултати. Сега е важно максимално да се намали ширењето на вирусот. Да им да дадеме можност на сите да бидат згрижени. Ова е нашиот паралелен фронт, на кој ќе се спротиставиме на корона вирусот. Да обезбедиме ликвидност и финансиска инекција за да се соочуваат повеќе работни места“, рече премиерот Оловер Спасовски на денешната прес конференција презентирајќи го вториот сет економски мерки.

Дел од тие мерки е и финансиската поддршка за приватниот сектор за април и мај во износ од 14.500 денари месечно по работник. Финансиската поддршка не се однесува на оние кои примиле нето плата повисока од 39.000 денари. Услов е истиот број на вработени да се задржат заклучно со септември 2020 година.

Претседателите, членовите на управни и на надзорни одбори од извршната и од локалната власт и претседателите на советите нема да земаат никаков надоместок додека трае кризата. Исто така Владата ќе обезбеди минимална плата од 14.500 денари како помош на спортистите, месечна плата за граѓаните што останале без работа во висина од 50 проценти од месечната нето плата за последните 6 месеци, а за тие што останале без работа во кризата 24 месеци.

Дел од мерките е и запирање на Законот за извршување до јуни, 2020 година, потоа одложување на кредитите на банките во рок од шест месеци, како и намалување на ратата и репрограмирање на кредитите кај финансиските друштва. Дополнителни бескаматни кредити од дополнителни 8 милиони евра за микро, мали и средни претпријатија во зависност од бројот на вработени, 50 милиони евра кредити од развојните банки.
Исто така се забранува отворање на стечајна постапка за време на кризата и шест месеци после тоа.задолжително користење на првиот дел од годишниот одмор заклучно со 31 мај.

Владата одлучи да се формира солидарен Ковид19 фонд.

Спасовски рече дека вториот пакет економски мерки за справување со кризата е донесен во широка консултација со членовите на Економскиот совет формиран за оваа цел, со стопанските комори и врвни економски експерти и угледни стопанственици. За спроведување на мерките ќе бидат потребни 200 милиони евра.

 

Содржината е прочитана 259 пати.