Бизнис вести

НЛБ Банка ја прераспределува добивката

Банката одлучи остварената добивка во 2019 година во висина од 1.849.917.998 денари да се прераспреди и тоа 1.672.270.392 денари ќе останат како нераспределена добивка, додека 177.647.606 денари ќе се пренаменат за задржана заработувачка за инвестиции

петок, 27 март 2020

НЛБ Банка се одзва на препораката на Народната банка и одлучи да ја прераспредели остварената добивка во 2019 година. Како што информираше Банката преку Македонска берза, ова го побарал најголемиот акционер, НЛБ од Љубљана која поседува 87 отсто од капиталот на Банката.

Одлуката е донесена поради ситуацијата со пандемијата КОВИД-19 и препораката на Народната бнка банките во Република Северна Македонија да се воздржат од исплата на дивиденда од реализирана добивка за 2019, со цел да го надградат капиталот и ликвидните резерви над минимално потребниот праг.

НЛБ Банка одлучи остварената добивка во 2019 година во висина од 1.849.917.998 денари да се прераспреди и тоа 1.672.270.392 денари ќе останат како нераспределена добивка, додека 177.647.606 денари ќе се пренаменат за задржана заработувачка за инвестиции.

„Добивката која е распределена во задржана заработувачка за инвестиции се употребува за цели на развој и инвестиции во материјални и нематеријално средства за проширување на примарниот бизнис и не е достапна за плаќање на дивиденда на акционерите во иднина (ограничена за дистрибуција на акционери). Со оваа одлука се постигнува да се зајакне ликвидноста и капиталот на Банката, а со тоа и на целиот банкарски сектор во Република Северна Македонија, односно да не се одлеваат средствата надвор од државата. Преку ова, НЛБ уште еднаш ја потврдува стратегијата за фокус кон регионот и регионалната припадност на Групацијата“, се вели во соопштението.

Притоа се појаснува дека остварената добивка за 2019 ќе биде на тековно располагање на Банката за ликвидносни цели, како и на располагање на Собранието на акционери за понатамошно одлучување во однос на начинот на постапување со нераспределената добивка понатака, кога Банката ќе има повеќе информации за да направи квалитетна проценка на развојот на економската и финансиската ситуација и нејзиното влијание врз капиталот на Банката и позицијата на ликвидност.

 

Содржината е прочитана 162 пати.