Здравје/ Убавина

„ДАМА-ДА“ ве поканува на работилница на тема „Личен развој – што ја прави разликата?“

На тематскиот ден „ДАМА-ДА-Здравјето и убавината во функција на современата жена“ што ќе се одржи на 28 март во Дом на АРМ од 10-16 часот претставник на „Арс Луцида“ ќе одржи сертифирцирана интерактивна работилница на која ќе се зборува за една исклучително атрактивна, неисцрпна и најважно од се, применлива тема која е од интерес за секого

вторник, 10 март 2020

„Арс Луцида“ е повторно со вас. На тематскиот ден „ДАМА-ДА-Здравјето и убавината во функција на современата жена“ што ќе се одржи на 28 март во Дом на АРМ од 10-16 часот ќе одржи сертифирцирана работилница на тема „Личен развој – што ја прави разликата?“. Станува збор за интерактивна исклучително интересна тема која го допира секого - размислувањето и за свесноста за тоа размислување.

Сите заинтересирани за учество на работилницата треба да се пријават во „Арс Луцида“ на телефонскиот број 075 25 27 24 или на elena@arslucida.mk. Специјалната цена за учество на оваа работилница на „ДАМА-ДА“ изнесува 500,00 денари.

Ние луѓето можеме да размислуваме за нашето размислување, тоа е нашиот најголем дар и она што не разликува од другиот жив свет, да не се одрекуваме од тој дар.

За секое искуство што го имаме ние сме или несвесни (по навика го правиме), свесни (знаеме дека го правиме), или самосвесни (почнуваме да го преиспитуваме да провериме во што и дали не поддржува, ни треба...). Првите два избора добро ги имаме навежбано, за третиот избор е потребен свесен избор.

Дали ви е избор? Да не се откажуваме од овој дар и од овој избор, зашто тој како врста не има преместено од пештерите во трговските центри.

На ова кратко предавање ќе отвориме интересни прашања: ШТО ја прави разликата?, која е структурата на субјективното доживување на светот?, како луѓето се доживуваат самите себе си и светот околу нив?, како размислуваат и како учат?

Темата е интерактивна, интересна, неисцрпна и најважно од се, применлива и од интерес за секого. Да се отвори и разбере уште една перспктива, зошто успехот доаѓа одвнатре.

Одговорноста кон себе си и начинот на размислување ја прават целата магија во надминување на животните предизвици со кои се среќаваме сите, но не сите на ист начин одговараме/реагираме на истите.

>>Ние не ги гледаме работите какви што се, ние ги гледаме работите какви што сме!<<


Низ ова кратко предавање, во име на „Арс Луцида“ ќе не води Ана Салтирова Давидовска, НЛП коуч и тренер.
Ана е менаџер за човечки ресурси во АМСМ. Од 2005 активно работи на развивање и испорака на обуки за меки вештини. Нејзиниот интерес е насочен на можностите за развој на секој „просечен“ поединец, како и унапредување на работата со учење од разликите. Фокусот и професионалниот предизвик за неа се наоѓа некаде помеѓу теоријата и практиката, имплементирање и адаптирање на успешните практики, за поотворено и побрзо справување со промените, притоа застапувајќи го холистичкиот пристап. Потрагата по истото ја има однесено до запознавање со НЛП, по што се вклучи во првата група во Македонија за систематизирано изучување на НЛП според стандардите на IANLP – International Association for NLP. Понатамошната обука ја продолжи во Белград и се има стекнато со степен на НЛП Тренери Коуч. Истовремено Ана е член на Управниот одбор на Македонската асоцијација за човечки ресурси и е активна на повеќе проекти за развој на човечките ресурси во Македонија и промоција на професијата.

Последниот проект на кој страсно работи е нејзината интерактивна книга за деца „Благодарам“, во која знаењето стекнато во НЛП едукацијата го адаптира за најмладите. Со оваа книга покренува и кампања за свесна промена на фокусот на мислата која има јасна цел - враќање на доброто расположение повторно во мода.
 

Содржината е прочитана 385 пати.