Бизнис вести

„ДАМА-ДА“ ви ја претставува „Media Solutions“, македонската агенција за дигитален маркетинг

„Media Solutions“ како долгогодишен соработник и поддржувач на агенција „Марили“ ќе биде дел од тематскиот ден „ДАМА-ДА-Здравјето и убавината во функција на современата жена“ што ќе се одржи на 28 март во Дом на АРМ од 10-16 часот каде на свој штанд ќе ги презентира сите услуги што ги нуди во областа на дигиталниот маркетинг за разни видови компании

понеделник, 09 март 2020

„Media Solutions“ е македонска агенција за дигитален маркетинг. Како долгогодишен соработник и поддржувач на проектите на „Марили“, оваа сертифицирана агенција која владее со новите технологии и годинава ќе биде дел од тематскиот ден „ДАМА-ДА-Здравјето и убавината во функција на современата жена“ што ќе се одржи на 28 март во Дом на АРМ од 10-16 часот и на свој штанд ќе ги презентира сите услуги што ги нуди во областа на дигиталниот маркетинг.

Основана во 2010 „Media Solutions“ обезбедува дигитално присуство за голем број македонски брендови. Нуди целосно портфолио на услуги од областа на дигитален маркетинг за разни видови компании кои бараат нови клиенти и кои се стремат да го растат бизнисот. Интернет каналите што ги опфаќа се многубројни, почнувајќи од стратегии за интернет маркетинг, комуникациски планови до креирање рекламни кампањи.

Како сертифицирана компанија за AdWords и Google Display Network, „Media Solutions“ овозможува прецизно демографско таргетирање соодветно на клиентот, кампањата и неколку други фактори.

Резултатот на кампањите на домашните сајтови се мери преку „Gemius“, водечка компанија во областа на интернет-мерењето во регионот, Европа, Блискиот Исток и Азија. Со прецизните метрики кои ги нуди, клиентите точно знаат колкав ефект има онлајн рекламирањето.

Посебната алатка која ја истакнува Агенцијата на нашиот пазар е платформата KeepAnEye. Таа е оригинален ад сервер развиен од компанијата во соработка со „Асидус“, која опфаќа мрежа од повеќе од 50 веб страници во Македонија. Преку високо развиена мрежа клиентите кои се рекламираат на KeepAnEye имаат пристап до неверојатни 70% од интернет посетителите во Македонија - повеќе од еден милион потрошувачи. Стратешки смислени и сместени, овие мини банери се чинат попримамливи поради тоа што не наликуваат на класичен рекламен онлајн банер. Кај корисникот помалку се јавува чувството на одбивност при визуелен контакт и доаѓа до поквалитетни импресии. Исто така е барана алатка поради тоа што се наплаќа по број на кликови наместо по број на импресии, постигнувајќи поопипливи резултати отколку типично рекламирање. Овој избор е особено погоден за најмалите бизниси со поскромни буџети.

Покрај овие активности „Media Solutions“ е организатор на изборот на Сајт на годината веќе десет години.
Со позитивна работна етика, задоволни клиенти и добри резултати „Media Solutions“ се издвојува како една од пософистицираните и подобри компании во својата област.

„Нашиот пристап не е да го прекинеме потрошувачот во она што го работи за да му ја пренесеме пораката, туку да го вклучиме во интеракција со нас. Ние го привлекуваме потрошувачот, го ангажираме и го повикуваме да ги проба производот, услугата, брендот, искуството – во исто време и во ист простор. ’Media Solutions’ верува дека ако нашите клиенти се успешни, тогаш и ние сме успешни“, велат од оваа агенција.

 

Содржината е прочитана 282 пати.