Здравје/ Убавина

„ДАМА-ДА“ ви го претставува салонот за убавина „Жанета Естетик“

Салонот за убавина „Жанета Естетик“ ќе биде дел од тематскиот ден „ДАМА-ДА-Здравјето и убавината во функција на современата жена“ што ќе се одржи на 28 март во Дом на АРМ од 10-16 часот и ќе има свој штанд на кој практично ќе се применуваат третмани потребни на секоја жена

четврток, 05 март 2020

„Жанета Естетик“ е меѓу првите приватни бизниси кои се занимаваат со козметологија и еден од првите козметички салони во Скопје и државата воопшто. Но, салонот за убавина „Жанета Естетик“ е препознатлив и надвор од Македонија, особено по работата со проблематични лица каде што е потребна подлабока нега, но и посветеност.

Всушност, токму во справувањето со проблемот со акните е и клучот на успехот на „Жанета Естетик“. 

Бидејќи, за разлика од лесниот третман на освежување на кожата на лице кое нема проблем, средувањето лице со инфекција и акни воопшто не е едноставно и претставува предизвик со кој овој салон успешно се справува. 

А, долгогодишната посветеност на работата, на сопственичката Жанета Џафер, специјалист козметолог и професионалец со 30 годишно искуство во козметологијата, во 2006 година и ја донесе наградата „Златна маска“ за врвни достигнувања во медицинската козметологија. 

Но, покрај специјалноста - проблематичните кожи и нивно третирање со најсовршени третмани при што се користат третмани со матични клетки и разни маски без конзерванси, како и креми и сапуни на билна база, „Жанета Естетик“ ги нуди сите козметички услуги што и се потребни на една жена, притоа неиздвојувајќи ја и машката популација. Така, во овој салон има третмани за лице, педикир, маникир, депилација, разни видови масажи со топли камења, бамбус масажи, масажи со школки, антицелулитни, релакс масажи и др. 

„Жанета Естетик“ поседува Сертификатот за квалитет EUMK што претставува гаранција за клиентите дека фирмата е сигурна и се препорачува поради тоа што услугите се квалитетни, а сите производи кои се нудат се со висок квалитет. Но, освен квалитетот, што е приоритет со кој овој салон цели 30 години ја гради и стекнува довербата кај клиентите, особено внимание се посветува и на коректноста во односот како со клиентите, така и со соработниците, за што „Жанета Естетик“ во 2019 година доби и Сертификат за коректна фирма.
 

Содржината е прочитана 237 пати.