Бизнис вести

ГРАВЕ осигурување го купува Еуролинк осигурување

Австриското осигурително друштво купува над 75 отсто од издадените акции со право на глас во Еуролинк, а оваа трасакција треба да заврши во рок од 60 дена

вторник, 03 март 2020

ГРАВЕ осигурување (Grazer Wechselseitige Versicherung Aktiengesellschaft AG) од Грац, Австрија купува над 75 отсто од акциите со право на глас во Акционерското друштвото за осигурување Еуролинк Скопје. Купопродажбата е одобрена и од Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).

Според решението на АСО на Grazer Wechselseitige Versicherung Aktiengesellschaft AG со седиште во Грац и се дава согласност да стекне акции, кои претставуваат вкупен кумулативен износ кој надминува 75 проценти од вкупно издадените акции со право на глас во Акционерското друштвото за осигурување Еуролинк Скопје.

Grazer Wechselseitige Versicherung Aktiengesellschaft AG треба да ја изврши трансакцијата за стекнување на акциите во рок од 60 дена од денот на добивање на ова решение и за тоа да ја извести Агенцијата за супервизија на осигурување во рок од 5 работни дена од денот на стекнувањето на акциите.

ГРАВЕ Осигурување АД Скопје е осигурително друштво со 100 проценти сопствен капитал од Австрија, австриско осигурително друштво GRAZER WECHSELSEITIGE VERSICHERUNG AG од Грац. Во Македонија работи веќе 12 години.
 
Содржината е прочитана 284 пати.