Бизнис вести

Зимското издание на Бизнис каталог на Р.Северна Македонија 2020 е во продажба

Ексклузивното списание кое претставува единствен промотивен примерок од ваков вид во државата оди заедно со подарок – ваучер од „Comodita Home“ со 10 проценти попуст за целиот асортиман на компанијата

четврток, 20 февруари 2020

Почитувани,

Новото зимско издание на Бизнис каталог на Р.Северна Македонија за 2020 година веќе е во продажба. Списанието, во издание на агенција „Марили“ оди заедно со подарок – ваучер од „Comodita Home“ со 10 проценти попуст за целиот асортиман на компанијата.

Бизнис каталогот може да се најде на следните продажни места:
Во Скопје - во „Саде С 3“ – спроти „Рамстол мол“; „Толлакс 9 Зебра“ – кај ТЦ „Зебра“; „Маратон“ – Капиштец; „Сириус“ – Капиштец; „Толлакс 16 Воденица“ – Капиштец; „Феликс лук“ – Млечен ресторан; „Так тобако“ – на автобуската после „Лептокарија“; „Експанда“ – „Сити мол“; „Кораб комерц“ – Карпош 4 пред ТЦ„Антико“; „Ивал“ – кај студентски дом „Гоце Делчев“; „Венера 1“ – кај студентски дом „Гоце Делчев“; „Даци 97“ – Ѓорче Петров; „Еделваис“ – Ѓорче Петров; „Толлакс 2“ – кај „Холидеј Ин“; „Табакера 1“ – Зелен пазар; „Табакера 2“ – Зелен пазар; „Епром“ – кај „Кјуби“; „Тобако Корнер 2“ – „Југодрво“; „Р.Е.ИДА“ – „Југодрво“; „Кики киоск“ – Бутел 2; „Икс три“ – ГТЦ; „Кранго два“ – автобуска во Центар; „Толлакс 6 Македонија“ – улица „Македонија“; „Параглајдер“ – Центар; „Толлакс 5 Собрание“ – Центар; „Тобако Буги“ – Центар; „Киоск ВП-2“ – Дебар маало; „Саде С 1“ – Дебар маало; „Мое тобако“ – спроти Буњаковец; „Капаел тобако“ – спроти „Симпо“;„Толлакс 4 Бисер“ – во ТЦ „Бисер“ Аеродром; „Толлакс 11 медиа“ – во ТЦ „Бисер“ Аеродром; „Винстон“ – кај „Три бисери“; „Толлакс 3 Скопјанка“ – кај ТЦ„Скопјанка“ Аеродром; „Топ ган 2“ – Автобуска станица; „Тобако Корнер 1“ – Аеродром;
Во Битола – „Дим по“, „Луна тутун“, „Крисми трејд“ и „Талевски трен“; во Прилеп во „Гидра експрес“; во Охрид во „Пресс експресс“; во Струмица во „Сити парк 2“ и „Вадим“ и во Штип во „Тобако Зимбак“ и „ДВ хит“.

Каталогот, кој е со традиција од 24 години е единствен ексклузивен проект од ваков вид во државата, печатен на македонски и на англиски јазик и на неговите страници се претставени културните брендови на Македонија како најголеми амбасадори во светот. Исто така пренесени се интервјуа од значајни бизнис субјекти како двигатели на економијата и развојот на нашата земја. Присутни се и бројни интервјуа од областа на модата, културниот менаџмент, уметноста, музиката...

Каталогот е дистрибуиран и во Бизнис и ВИП салоните на ТАВ аеродромите во Скопје и во Охрид, во амбасади, конзулати и во ексклузивни хотели.

Бизнис каталогот 2020 зимско издание може и електронски да се листа на порталот на агенција „Марили“ www.marili.com.mk

За брендот „Comodita Home“ може повеќе да прочитате и во самиот каталог. Брендот е присутен во Македонија од почетокот на 2019 година со ексклузивни линии на опрема за домот и производи за патување. Во 11-те продавници на „Comodita Home“ може да се најде Comodita Mattress - линија на душеци, Comodita Line - линија на текстилни материјали за домот, Comodita Kitchen - производи за готвење, послужување и јадење, Comodita Fast - група електрични уреди за во кујна, New Regent - софистицирана линија на производи за патување и друго.

Со ваучерот – подарок во Бизнис каталогот 2020 може да ги посетите продажните салони на „Comodita Home“ во Скопје – во Капитол мол, Рамстор мол, ГТЦ и на ул. „Џон Кенедеи“ во Чаир, како и во продавниците во Куманово, Тетово, Гостивар, Струга, Велес и во Битола.
 

Содржината е прочитана 552 пати.