Бизнис вести

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за јануари 2020

За периодот 01.01–31.01.2020 година вкупниот промет изнесувал 581.920.924 денари

петок, 07 февруари 2020

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.01 – 31.01.2020 година вкупниот промет изнесувал 581.920.924 денари.

Класичното тргување изнесувало 498.623.924 денари и е зголемено во однос на декември за 4,75 отсто кога изнесувало 476.014.452 денари.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 489.864.160 денари и обврзници во вредност од 8.759.764 денари.

Блок трансакциите за јануари изнесувале 83.297.000 денари и се намалени за 69,42 отсто во однос на декември.

Бројот на трансакции во јануари изнесувале 1.812 и се зголемени за 2,49 отсто во однос на декември кога изнесувале 1.768.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за јануари се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи НЛБ Банка АД Скопје и третото место го зазема Алкалоид АД Скопје.

 

Содржината е прочитана 246 пати.