Бизнис вести

Коста Начевски е нов директор на „Дрисла“

среда, 22 јануари 2020

Коста Начевски е новиот в.д. директор на Јавното претпријатие „Дрисла“, откако претходно од директорската позиција беше разрешен Горан Ангелов.

Градоначалниот на Скопје, Петре Шилегов претходно ги достави документите до Централен регистер за разрешување на Ангелов.

Шилегов вчера на прес-конференција објави дека „Дрисла“ и официјално преминува во „сопственост“ на Град Скопје.

По седницата на Советот на Град Скопје закажана за 29 јануари ќе бидат избрани управен и надзорен одбор на сега веќе градското јавно претпријатие за управување со комунален отпад.
 

Содржината е прочитана 117 пати.