Култура

За наградата „Роман на годината“ конкурирале 38 романи

Годинава во жирито за наградата се Николина Андова-Шопова (претседател), Милован Стефановски, Весна Мојсова-Чепишевска, Славе Ѓорѓо Димовски и Катерина Богоева (членови)

понеделник, 20 јануари 2020

За наградата „Роман на годината“ за 2019 година конкурираат 38 дела, соопшти Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, која ја доделува наградата.

Годинава во жирито за наградата се Николина Андова-Шопова (претседател), Милован Стефановски, Весна Мојсова-Чепишевска, Славе Ѓорѓо Димовски и Катерина Богоева (членови).

„Жирито на својот конституитивен состанок констатираше дека годинава се одликува со мошне богата романсиерска продукција што се огледа и во фактот дека на годинашниот конкурс се пријавија дури 38 романи“, соопшти

Фондацијата која наградата ја доделува во соработка со Град Скопје, а под генерално покровителство на „Комерцијална банка“ а.д.

Во трка за наградата се романите:
1. „Молчи со отворена уста“ – Снежана Младеновска-Анѓелков, „Или -Или“
2. „19.“ – Верица Ацеска, „Прозарт“
3. „Александар и Клеофила“ – Паскал Гилевски, „Панили“
4. „Кафез за душата “ – Јован Дамјановски, „Дијалог“
5. „ Временската енигма“ („Експеримент 51“, II дел) – Методија Диневски, „Култура“
6. „Ноќта кога ја напуштив Прага“ – Јован Илиевски, „Култура“
7. „Под друга капа“ – Владо Јаневски, „Магор“
8. „Црна шума“ – Симеон Јанков, „Ми-Ан“
9. „Ѓаволска наметка“ – Љубомир Јовановски, „Култура“
10. „Живеј го животот со восхит“ – Катарина Јовчевска, „Академски печат“
11. „Тие мили мали слатки дечиња“ – Антонио Карабелов, „Антолог“
12. „Како станав Амадеус“ – Трајче Кацаров, „Силсонс“
13. „Како избравме американски претседател“ – Александар Сашко Кукулев, „Полица“
14. „Правта на библиотеките“ – Митко Маџунков, „Три“
15.„Последна граница – Истапени сечила“, Зоран Милошевски, „ПНВ Публикации“
16. „Мрежата на Мамли“ – Блаже Миневски, „Матица македонска“
17. „Пагански времиња“ – Драги Михајловски „Просветно дело“
18. „Песот со тажен поглед“ – Оливера Николова, „Матица македонска“
19. „Сивиот плоштад“ – Сашо Огненовски, „ПНВ Публикации“
20. „Мемоари на задоцнетиот романтичар“, Божин Павловски, „Матица македонска“
21. „Дваесет и четири часа“ – Милијана Павловска, „Култура“
22. „Излегов“ – отец Пимен, самостојно издание
23.„Вампирџија“ – Владимир Плавевски, „Арс Ламина“
24. „Краста на душата“ – Владимир Плавевски, „Магор“
25. „Вилино“ – Винка Саздова, „Три“
26. „Последните денови на Ханс“ – Михајло Свидерски, „Или -Или“
27. „Блесок на пролетта“ – Катерина Серафимовска, „Култура“
28. „Цариградски емигрант“ – Луан Старова, „Три“
29. „Дијалози во еднина“ – Ана Стојаноска , „Култура“
30. „Ќерката на дрвосечачот“ – Наде Стојилковиќ, „Сакам книги“
31. „Пустинско рандеву“ – Снежана Крстевска-Стојковиќ, „Просветно дело“
32. „Алиџан“ – Јусуф Сулејман , „Антолог“
33. „Години од слама“ – Братислав Ташковски, „Панили“
34. „Сестра Касијана“ – Добре Тодоровски, „Матица македонска“
35. „Аб’т – роман длабок 18 метри“ – Оливера Ќорвезироска, „Или -Или“
36. „Вергина“ – Јана Узунова, „Или -Или“
37. „Ура, Арал“ – Тања Урошевиќ, „Темплум“
38. „Девет приказни за госпоѓица Сит“ – Билјана С. Црвенковска, „Чудна шума“

Жирито ќе треба да го соопшти името на лауреатот најдоцна до 15 март, а наградата ќе му биде врачена во првата половина од април.

Наградата „Роман на годината“ се доделува 21-ви пат. Ја востанови и ја доделуваше „Утрински весник“ сѐ до неговото згаснување во 2017 година, кога наградата ја презеде Фондацијата „Славко Јаневски“.

Наградата „Роман на годината“ се состои од оригинална статуетка, плакета и паричен износ од 150.000 денари.

Пренесено од МИА
 

Содржината е прочитана 83 пати.