Бизнис вести

„Прајсватерхаус“: Светската економија ќе забави годинава

Според Агенцијата треба да се очекува раст на вработените во земјите од групата Г-7 (индустриски најразвиените демократии), до бројка од 2 милиони вработувања, и уште 8 милиони нови работни места во седумте најголеми земји во развој како Кина, Русија или Бразил

среда, 08 јануари 2020

Светска економија годинава ќе забави, растот ќе биде помал, но ќе се зголеми бројот на вработени, особено во земјите од групата Г-7 индустриски најразвиени земји. Со вакви прогнози за светската економија деновиве излезе британската консалтинг агенција „Прајсватерхаус куперс“.

Агенцијата предвидува дека светската економија во 2020 година ќе порасне за 3,4 осто во однос на паритетот на куповната способност, додека просечната величина на овој показател за 2020 ќе биде 3,8 отсто.

„Се случува глобално намалување на растот на економијата кое се одликува со продолжување на интеграцијата и економски развој, но со многу понамалено темпо, пониско од средното“, смета Барета Купелјан, економист на „Прајсватерхоус“.

Ваквата состојба во глобалната економија економистите ја нарекуваат „слоубализација“.

Како особено отежнувачки околности се наведуваат, пред сè, сè поизвесниот Брегзит, чии економски последици за ЕУ и Велика Британија, но и за глобалната економија можат само да се претпоставуваат. Исто така е неизвесно дали САД и Кина сепак ќе постигнат примирје во нивната трговска војна, што остави многу негативни ефекти врз глобалната трговија во 2019 година.

Проценките на Европската централна банка (ЕЦБ) се дека бруто-националниот производ на земјите од Еврозоната би можел да порасне за само 1,1 процент во 2020 година, што претставува намалување од скромни 1,2 отсто во 2019 година и далеку под 2,4 проценти од 2017 година.

Во 2020 година се очекува извозот на услуги во светот да достигне 7 милијарди долари, при што главен збор ќе имаат САД и Велика Британија.

Според Агенцијата, треба да се очекува раст на вработените во земјите од групата Г-7 до бројка од 2 милиони вработувања и уште 8 милиони нови работни места во седумте најголеми земји во развој како Кина, Русија или Бразил.

Прајсватерхаус куперс“ предвидува бројот на светската популација во 2020 да се зголеми до 7,7 милијарди луѓе, додека бројот на луѓе постари од 60 години да досигне една милијарда.

 

Содржината е прочитана 160 пати.