Бизнис вести

Од 1 јануари нема царина за малите пратки до 90 евра

четврток, 02 јануари 2020

Од 1 јануари малите пратки до 90 евра се ослободени од царина. Прагот на ослободување е зголемен од досегашните 45 на 90 евра по препорака на Европската комисија, но и поради зголемување на обемот на е-трговијата во земјава.

Ова е резултат на анализата за царинење на малите пратки, која ја спроведе Министерството за финансии.

 

Содржината е прочитана 261 пати.