Бизнис вести

Како македонските компании можат да пораснат и до 900 проценти

Срцевината на нашата слаба економија и низок животен стандард е нашиот менталитет, односно, нашата култура. Златниот клуч за решавање на овој проблем е во корекцијата на културата

понеделник, 30 декември 2019

И покрај скромниот пораст од 3,9 отсто на годинашниот домашен бруто производ (БДП), економиите на шест држави од Западен Балкан – Албанија, Македонија, Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина се најсиромашните и нанископроудктивни економии во Европа.

За да е појасно колку, всушност, сме сиромашни и заостануваме во економски контекст, треба само да се погледне послендиот економскиизвештај на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) од 2018 година. Од тука се гледа дека македонската економија (компаниите и бизнисот) произведува само една половина од просечниот БДП по човек во споредба со 11 источноевропски држави и само една четвртина од просечниот БДП на најбогатите нејзини членки.


Слични се и економските факти според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) од 2017 година, кои велат дека БДП на:
- два милиони Македонци е 11,41 милијарди долари
- два милиони Словенци е 48,07 милијарди долари
- два од вкупно 16,5 милиони Холанѓани е 97,03 милијарди долари
Ова значи дека Словенците се 480 проценти, а Холанѓаните 970 проценти попродуктивни од Македонците!

Со ваков економски раст на македонската економија ќе и бидат потребни 50 до 80 години за да го достигне евроспкиот просек.

Но, не го пишувам ова за да ја потврдам нашата познта и мизерна економска реалност. Токму спротивното. Гледајќи ја реалноста в очи – да понудам конкретно иновативно решение кое овој процес на пораст и на развој ќе го катализира и ќе ја зголеми продуктивноста на макеоднскиот бизнис за два, три или до девет пати.

И, ако за момент не верувате дека е ова можно, сакам да споделам една мудрост на еден современ лидер милијардер Тони Робинс, кој вели: „Ако сакате да постигнете извонредни резултати во која било област, најдете ги луѓето што веќе успеале во тоа и едноставно, учете и/или копирајте го нивниот модел на успех“.

Во таа насока, еве и конкретен пример кој Македонија може да го следи. Во средината на минатиот век, благодарение на посветеноста и визијата на тогашните економско-политички лидери, Сингапур за само една генерација (20/25 години) од неразвиена станува високоразвиена економија. Денес, Сингапур е меѓу шетте најбогати земји во светот.

Ако може Сингапур, може секој, а можеме и ние. Но, како?

РЕШЕНИЕТО Е ВО ПРОБЛЕМОТ

Срцевината на нашата слаба економија и низок животен стандард е нашиот менталитет, односно, нашата култура.
Златниот клуч за решавање на овој проблем е во КОРЕКЦИЈАТА НА КУЛТУРАТА.

Доколку макеоднските граѓани/компании сакаат да ги достигнат своите највисоки амбиции и цели, ние мораме да ја коригираме културата. Без да го постигнеме ова, немаме шанси за иднина поинаква од минатото во кое „шлапкаме“ со просечни резултати.

КУЛТУРАТА е збор на вредности, верување и навики (народски кажано МЕНТАЛИТЕТ). Истиве во секојдневието се манифестираат преку однесувањата на лидерите и на луѓето/вработените во организацијата и/или граѓаните.

Вредности=Култура=Менталитет=Однесување

Вредностите/однесувањата може да се позитивни (профит, добра комуникација, континуирано учење, креативност, визија), но и лимитирачки (обвинувања, бирократија, коруоција, загадување, непочитување)

За споредба, културата е како крвна слика, при што позитивните вредности се како здрави крвни клетки што го јакнат имунитетот, а лимитирачките се штетни клетки или вирус што го разболува организмот. Во бизнис контекст,
позитивните вредности ви ги зголемуваат карактеристиките, продуктивноста и профитот, а негативните се некорисни за продуктивна работа и во го јадат профитот, ви создаваат штета.

И, доколку оваа споредба ви е логична и јасна, добро обрнете внимание и запаметете ги фактиве што следуваат, бидејќи на најдиректен начин влијаат на парите во вашиот џеб, или профитот на вашиот бизнис.

Ако го погледнете мерењето на културата, кое е направено во 2009 година и за кое детално пишувам во книгата „Дијамантско лидерство“ , ќе видите дека македонската култура има 52 отсто позитивни и 48 отсто лимитирачки вредности/однесувања.

Деветте лимитирачки вредности, кои зафажаат 48 отсто од нашите секојдневни однесувања се: корупцијата, бирокртаијата, криминалот и насилството, непотизмот и обвинувањата, кои се главни творци, генератори на невработеноста, несигурната иднина и на сиромаштијата. Со други зборови, нашата крвна слика не изгледа добро.

ШТО ЗНАЧИ ОВА ВО БРОЈКИ

Ако ги земеме последните податоци од ММФ за 2018 година, со 52 отсто позитивни однесувања, произведуваме домашен бруто-продукт вреден 12,669 милијарди долари.

Но, 48 отсто лимитирачки однесувања, значи дека речиси ској втор ден во Македонија е непродуктивен. Поради ова, македонската економија само во 2018 година загубил 11,69 милијарди долари.

Ако ги собереме последните десетгодишни домашни бруто производи, со нашите 52 отсто позитивност сме произвеле 105,91 милијарди долари.


Штетните вредности ни изеле 97,76 милијарди долари.

Тоа е цената на криминалот, корупцијата, непотизмот, бирократијата...

„СИРОМАШТИЈАТА НИ Е САМОПРОИЗВЕДЕНА ОД ЛОШАТА КУЛТУРА“

Овие вртоглави загуби се случуваат секоја година. Ќе се случуваат и понатаму се додека не преземеме одговорност за своите посптапки и не направиме корекција на културата.

ВИЗИЈА

Неопходно е во културата да имаме помалку од 10 отсто штетни вредности.

Замислете, место да бидат изедени од сивата економија, од неколку безобразно алчни, корумпирани и криминализирани поединци и нивните бескрупулозни тимпови, овие пари да се слеат во вашиот бизнис/компанија/економијата, образованието, здравтсвото, инфраструктурата...

И место горните девет канцерогени однесувања, со кои немаме шанси за поквалитетна иднина, решително избереме и посветено да ја фокусираме нашата енергија во создавање на 10 вредности и однесувања како: инспиративна визија, грижа за идните генерации, правење разлика, иновација, прептриемништво, постигнување одлични резултати, еколошка свест, ќесност, владеење на правото, почит, финансиска благостостојба.

РЕЗУЛТАТИ И БЕНЕФИТИ

Кога денес би имале помалку од 10 отсто од штетните однесувања во културата, нашиот БДП би бил 21,92 место само 12,669 милијарди долари и секој од нас би имал речиси својно повеќе пари во џебот.

Десет години со ваков ритам и ете го сингапурското сценарио во Македонија. За корекцијата на културата е потребно чесно и искрено лидерство кое несебично ќе се посвети на остварување на визијата. Бенефитите од еден ваков процес ќе бидат далекусежни, феноменални и ќе го засилат целиот имунитет на граѓѓаните и на економијата.

-Ќе бидеме сведоци на огромно зголемување на економската моќ на бизнисот и на граѓаните
-Извонредна патна, електро, гасна, железничка инфраструктура
-Ќе бидеме преплавени од инвестиции, бидејќи секој инвеститор сака да инвестира во средени држави во кои инвестицијата им е стабилна
-Ќе имаме и бепрекорно здравство, едкуација, социјална грижа за сите на кои им е потребно
-Нашите деца, пријатели, роднини не само што нема да имаат потреба да емигрираат, туку тие што избегале ќе се враќаат и ќе сакаат да инвестираат тука
-Ќе живееме во еколошки здрава средина, со чисти реки, планини и градови

БЕЗ ВИЗИЈА ЌЕ ИСЧЕЗНЕМЕ

Знам дека некои од вас нема да веруваат дека е ова можно, дека е преамбициозно. Но, ако не сонуваме големи соништа, зарем живеачката има поента? Пред точно 50 години имагинацијата, амбицијата и сонот ги спушти првите луѓе на Месечината. Поради нечија визија, денес возиме електрични автомобили, кои за 10 години се очекува да доминираат на нашите улици. Повеќе од 7.000 светки компании и 60 нации веќе работат на мерењето и на менаџирањето на својата култура. Да се прашаме – „зошто“?

Намалувањето на лимитирачките однесувања за 3,5 и 10 отсто на годишно ниво се документирани и потврдени факти кај нив. Истото можеме и треба да го правиме и ние, бидејќи е возможно.

Гледајќи и учејќи од нечии туѓи успеси и искуства, јас сум длабоко уверен дека со здрави, искрени и чесни лидери, кои имаат чувтсво за бизнис и за претприемништво и на кои им е преку глава од досегашните просечни резулати, ние можеме во само една генерација да ја постигнемеоваа цел и во културата да имаме помалку од 10 отсто штетни однесувања. Само така ќе успееме да изградиме исклучителна економија и нација.

Пишува Виктор Куновски, автор на книгата „Дијаманско лидерство“
Книгата може да се нарача на следниов линк http://bit.ly/2FEG7cS

 

 

Содржината е прочитана 76 пати.