Бизнис вести

Олгица Наумовска избрана за претседател на Холандско-македонската комора

четврток, 19 декември 2019

Олгица Наумовска, директор на холандската ИТ компанија „ХСО Глобал Сервицес“ во Скопје е избрана за нов претседател на Холандско-македонската стопанска комора.

„Целта ми е заедно да привлечаме уште повеќе холандски компании“, рече Наумовска.

На собранието беше избран и Дејан Иваноски како член на Управен одбор.Тој е директор на холандската ИТ компанија „Симфони Солутионс“ во Скопје. Третиот член на УО е Филимена Радоњанин, ко-сопственик на македонската компанија за дизајн и производство на тапациран мебел „Фејдом“, која оваа функција ја извршува од 2018 година.

Холандско-македонската стопанска комора има вкупно 54 членови, од кои 59 отсто се холандски компании кои имаат свои подружници во земјава.

„Особено во последните неколку години повеќе холандски фирми започнаа бизнис во Северна Македонија во областа на ИКТ и Business Process Outsourcing, вработувајќи стотици млади“, рече Боб Смит, извршен директор на Комората.
 

Содржината е прочитана 172 пати.