Бизнис вести

Владимир Ефтимоски повторно избран за прв човек на Стопанска банка а.д. Битола

среда, 18 декември 2019

Врз основа на Одлука на Надзорен одбор и согласност од Народната банка од 13 декември, за член и претседател на Управен одбор на Стопанска банка а.д. Битола повторно е избран Владимир Ефтимоски, соопшти Банката преку Македонска берза.

Ефтимоски кој и досега беше на оваа функција останува на чело на банката и во наредните 5 години. Тој на оваа позиција е од 2013 година, претходно, односно во 2012 година беше советник во одборот. Ефтимоски има повеќегодишно искуство во банкарскиот систем во земјава и важи за одличен познавач на финансиските текови.

Инаку, Стопанска банка а.д. Битола во деветте месеци годинава оствари позитивен финансиски резултат. Нето-приходите од камати во овој период изнесуваат 222,29 милиони денари, што претставува остварување на планот за третиот квартал со 93,34 проценти.

Банката во наредниот период ќе се фокусира на воведување конкурентни депозитни производи, зајакнување на депозитното јадро.
 

Содржината е прочитана 312 пати.