Бизнис вести

ОКТА отвори нова бензинска станица во Автокоманда

Новата бензинска станица ќе биде отворена 24/7, а во нејзин состав се достапни и дополнителни содржини - супер маркет, автоматска авто-перална, како и ресторан на KFC

среда, 11 декември 2019

ОКТА отвори нова бензинска станица во населбата Автокоманда во Скопје. Новата бензинска станица ќе биде отворена 24/7, опремена е со четири пумпи со најсовремена технологија, а во нејзин состав има и дополнителни содржини како супер маркет, автоматска авто-перална и ресторан на KFC. Бензинската е на компанијата „Пуцко петрол“ со брендот на ОКТА.

Со ова, малопродажната мрежа со брендот ОКТА се зголеми на вкупно 27 бензински станици низ целата држава.

„Денеска семејството на ОКТА стана побогато со својот 27-ми член. Со извонредниот дизајн и иновативната технологија, оваа бензинска станица веднаш ќе прерасне во препознатлив симбол на градот Скопје. Сега, нашите потрошувачи можат да најдат сè на едно место – горива со врвен квалитет, одлична услуга, авто перална, мини маркет и светски познат синџир на храна. Со гордост можам да кажам дека тука нашите горива се проверени до последна капка“, рече Јанис Геруланос, главен извршен директор на ОКТА.

Тој истакна дека потрошувачите ќе бидат сигурни за квалитетот и количината на горивата кои ги купуваат, бидејќи на сите бензински станици со брендот ОКТА се врши директна и редовна контрола на горивата преку Програма Гаранција, која е прва сеопфатна програма за контрола на квалитетот и количината на горивата во државата.
 

Содржината е прочитана 91 пати.