МАКЕДОНИЈА

Околу 21 милион денари од МојДДВ се префрлени на сметките на 16.600 граѓани

петок, 06 декември 2019

Започна исплатата на парите од повратот на ДДВ. На првиот ден од повратот со мерката МојДДВ околу 21 милион денари се префрлени на сметките на 16.600 граѓани.

Министерката за финансии, Нина Ангеловска денеска апелираше сите граѓани да ги проверат транскациските сметки кои ги внеле за поврат на ДДВ.

Таа појасни дека просечно 180.000 граѓани секој месец скенираат фискални сметки. Најмногу сметки скенираат граѓаните во општините Аеродром, Кисела Вода, Центар и Карпош, како и во Битола и во Штип.

Ангеловска најави дека од 15 декември ќе почне наградната игра МојДДВ #МојаНаграда.

 

Содржината е прочитана 92 пати.