Инфо

Дизелот поскапуа за половина денар, бензините остануваат со иста цена

понеделник, 02 декември 2019

Дизелот и екстра лесното масло за домаќинство од полноќ ќе имаат нова, повисока цена, додека цената на бензините нема да се менува оваа недела, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Цената на дизелот ќе се зголеми за половина денар од литар, па од полноќ ова гориво ќе се продава по 61,5 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство по цена од 50,5 денари за литар.

Литар Еуросупер БС-95 и натаму ќе чини 68,5 денари, а Еуросупер БС-98 70,5 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,229 денари по килограм со што нова цена ќе биде 33,186 денари за еден килограм.
 

Содржината е прочитана 37 пати.