Бизнис вести

„Фершпед“ ја продаде винарницата „Сковин“ заедно со брендовите за 3,9 милиони евра

Недвижниот и подвижниот имот, како и залихите на „Сковин“ се продадени за 3,395 милиони евра на скопската фирма „Винарија Сковин Група“ ДООЕЛ сопственост на компанијата „Балкан Холдингс ПТЕ Л.Т.Д“, додека брендовите на винарницата, пак, се продадени на сингапурската фирма SIAK PTE LTD за вкупно 5.100 евра

четврток, 28 ноември 2019

Шпедитерското друштво „Фершпед“, во кое доминантен удел има семејството Накови, го продаде имотот, залихите и брендовите на винаријата „Сковин“, за околу 3,5 милиони евра, објави Македонска берза.

Недвижниот имот (деловни и помошни простории и градежно земјиште), подвижниот имот (возила и механизација), како и залихите на „Сковин“ (шишиња и етикети) се продадени за 3,395 милиони евра на скопската фирма „Винарија Сковин Група“ ДООЕЛ сопственост на компанијата „Балкан Холдингс ПТЕ Л.Т.Д“ од Скопје, чиј управител е лицето Звонко Пејчиќ. Фирмата е со седиште во скопската општина Карпош, а нејзината дејност е производство на вино од грозје.

Трговските марки на „Сковин“, пак, се продадени на сингапурската фирма SIAK PTE LTD за вкупно 5.100 евра. Станува збор за 20-ина бренда на вина и жесток алкохол кои сега ги произведува „Сковин“ („Сан сити“, „Класик“, „Фајнест селекшн“, „Барик“, „Премиум“, „Бег ин бокс“, „Бејзик лајн“, „Магнум лајн“, „Марков манастир“,„Жолта“).

 

Содржината е прочитана 62 пати.