Бизнис вести

„Адора инженеринг“ купи нови акции во Комерцијална банка за половина милион евра

Компанијата во сопственост на Ванчо Чифилиганец сега има учество од 11,11 проценти во основната главнина на Комерцијална банка, со што ја зацврсти својата позиција на најголем поединечен акционер во банката

среда, 27 ноември 2019

„Адора инженеринг“ завчера преку две системски блок трансакции купи нови 5.300 обични акции од Комерцијална банка и за нив плати 521.000 евра, соопшти Банката преку Македонска берза.

Со тоа, компанијата која е во оспственост на Ванчо Чифлиганец, заедно со поврзаните лица поседува вкупно 253.247 обични акции, односно, има учество од 11,11 проценти во основната главнина на Банката и на тој начин ја зацврсти својата позиција на најголем поединечен акционер во Комерцијална банка. Вкупниот број акции во моментов изнесува 2.279.067 обични акции со право на глс, а вредноста на една акција изнесува 6.098,96 денари.

Ова е втора акција на „Адора инженеринг“ за докупување акции во Комерцијална банка за еден месец. Кон крајот на октомври компанијата купи 15.191 акција со право на глас во Банката по цена од 5.650 денари за акција, за што вложи 1,4 милиони евра.
 

Содржината е прочитана 85 пати.