Култура

Објавени добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“

вторник, 26 ноември 2019

Министерството за култура ги објави добитниците на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2019 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Северна Македонија.

Во областа на воспитанието и образованието наградата му се доделува на проф. д-р Агим Пољоска – албанолог.

Во областа на културата и уметноста наградата им се доделува на писателот Димитар Башевски, на оперската дива Весна Ѓиновска-Илкова и на естрадниот уметник Виолета Томовска.

Во областа на здравството наградата му се доделува на пулмологот алерголог проф. д-р Дејан Докиќ.

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 8 декември, недела, во 12 часот, во свечената сала на Собранието.
 

Содржината е прочитана 47 пати.