Култура

Наскоро промоција на „WОЛФМЕН“, новата книга на Билјана Јана Божидар

понеделник, 25 ноември 2019

Во очекување на официјалниот датум на издавање и премиерата на новата книга од младата писателка Билјана Јана Божидар ви го најавуваме „WОЛФМЕН“. Билјана, инаку вработена во „Кромберг и Шуберт“ е автор и на романот „Битолската империја на темјанушките.“

„WОЛФМЕН“ е роман, сага, затворска, со која главниот лик сака да ја долови секоја своја страна. Одблиску да му се долови на читателот како може еден млад живот да биде изменет комплетно, од корен. И како плачот без солзи и притисокот може да го однесе човек каде не треба.

Билјана е мануелен автор на ова мачно, реално, тажно ремек дело. WОЛФМЕН е вистинскиот автор на оваа сага. Непроценлив подарок за млади луѓе кои слободно газат по земјиното тло.

Во овој роман ќе наидете на смеа, солзи, љубов, страв, жал... Бесценето богатство кое нема цена! Цела интима на бели страници! Неговото мото е: „Прифаќам се! Не очекувам ништо!“

Се надеваме ќе уживате низ страниците на оваа вистинска млада приказна на младиот човек со стара душа.

Сите средства од овој роман ќе се донираат во хуманитарни цели кои ќе бидат транспарентно презентирани.

„Единствениот затвор е Умот. Се друго е обична соба“
 

Содржината е прочитана 220 пати.