Инфо

Бензините поскапуваат за половина, дизелот поевтинува за еден денар

понеделник, 25 ноември 2019

Малопродажните цени на бензините од ноќеска на полноќ се зголемуваат за половина денар по литар, додека на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за еден денар по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Според одлуката, новата цена на Еуросупер БС-95 изнесува 68,50 денари литар, додека на Еуросупер БС-98 - 70,50 денари за еден литар.

Литар Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава за 61,00 денар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 50,00 денари.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,388 денари по килограм и ќе изнесува 32,957 денари килограм.
 

Содржината е прочитана 60 пати.