МАКЕДОНИЈА

Исплатени над 98 милиони денари субвенции за сите регистрирани земјоделци

петок, 22 ноември 2019

Околу 98,3 милиони денари субвенции исплати Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 4.207 земјоделски субјекти. Станува збор за дополнителна помош од 20 проценти на носител на земјоделски стопанства кој е регистриран вршител на земјоделска дејност согласно со Законот за вршење на земјоделска дејност, или е регистриран како индивидуален земјоделец согласно Законот за пензиското и инвалидското осигурување.

Право за користење на овие средства имаат сите земјоделски стопанства кои се регистрирани земјоделци и кои земале субвенции по основните мерки од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2017 година. Овие корисници ќе добијат 20 отсто повисоки субвенции на вкупната исплатена сума по основни субвенции од 2017 година.

Од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој најавуваат дека ќе продолжат со исплата на средствата за субвенции за сите кои ги исполнуваат условите за добивање финансиска поддршка.

 

Содржината е прочитана 112 пати.