Култура

Воспоставена соработка меѓу библиотеките во Битола и Палермо

Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола воспостави соработка со библиотеката (Sistema Bibliotecario Cittadino) од Палермо, Италија. 

понеделник, 16 ноември 2015

Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола воспостави соработка со библиотеката (Sistema Bibliotecario Cittadino) од Палермо, Италија.

Директорот на НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола, Науме Ѓоргиевски истакна дека соработката вклучува размена на книги од библиотечните фондови, споделување на експертски искуства и заедничко учество во меѓународни проекти.

-Стручното работење на библиотекарите секогаш треба да се надградува, а кога тоа се прави низ меѓународна соработка тогаш се обезбедува дополнителен квалитет и вредност. Протоколот за соработка со колегите од Палермо отвора големи хоризонти и предизвици и затоа, за време на престојот на наша делегација во Италија приредивме изложба на книги и ја промовиравме книгата „Библиотеките во Битола“, рече Ѓоргиевски.

НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола денеска го претстави и најновото издание на списанието „Библиотечен тренд“ кое го финансира Министерството за култура.

(Преземено од МИА)
 

Содржината е прочитана 480 пати.