МАКЕДОНИЈА

УЈП: Проверете ги податоците од трансакциската сметка заради повратот на ДДВ

четврток, 21 ноември 2019

Управата за јавни приходи денеска ги повика граѓаните кои ја користат апликацијата „МојДДВ“ да извршат проверка на внесените податоци за трансакциската сметка заради враќање на дел од данокот на додадена вредност. Доколку, пак, не ја внеле трансакциската досега, да го направат тоа навремено за да може да се реализира повратот на ДДВ.

Корисниците на апликацијата треба да внесат лична трансакциска сметка, бидејќи во спротивно не ќе може да им се изврши враќање на данокот.

Од декември УЈП ќе почне да враќа дел од данокот на додадена вредност на граѓаните кои ја користеле апликацијата МојДДВ.
 

Содржината е прочитана 281 пати.