Бизнис вести

Промовирана веб-платформа Switch.mk за споредба на цените на струјата

Веб-платформата, која е достапна на македонски, албански и на англиски јазик е наменета, пред сé, за малите потрошувачи и за домаќинствата и има за цел да им помогне при нивниот избор на снабдувач со електрична енергија

четврток, 21 ноември 2019

Реулаторната комисија за енергетика ја промовираше првата веб-платформа Switch.mk каде поторшувачите може да направат споредба на цените на електрична енергија од сите понудувачи.

Веб-платформата, која е достапна на македонски, албански и на англиски јазик е наменета, пред сé, за малите потрошувачи и за домаќинствата и има за цел да им помогне при нивниот избор на снабдувач со електрична енергија.

„Тука потрошувачите може да направат споредба на достапните понуди од страна на активните снабдувачи на пазарот на мало со електрична енергија, односно да добијат јасни, сеопфатни и ажурирани информации за цените на електрична енергија, периодот на траење на договорот за снабдување, фактурирањето, како и другите услуги поврзани со снабдувањето со електрична енергија“, рече Марко Бислимоски, претседател на РКЕ и појасни дека снабдувачот не може да склучи договор со потрошувачот по цена и под услови понеповолни од објавените на платформата.

Платформата овозможува прикажување индикативна крајна цена за електрична енергија од секој снабдувач и за секоја објавена понуда, а во прикажаната индикативна крајна цена за електрична енергија, заради поедноставување на пресметката, не е вклучен надоместокот за јавно осветлување утврден со закон.

На платформата засега цени и услови за снабдување објавиле сите снабдувачи со струја за компаниите како поторшувачи. За домаќинствата има понуда само од универзалниот снабдувач, бидејќи, како што рече Бислимоски, останатите снабдувачи на слободниот пазар засега не можат да понудат пониски цени од регулираната цена на електричната енергија за домаќинствата.

Првиот човек на РКЕ потенцираше дека Северна Македонија е првата држава во рамки на Енергетската заедница која воведува ваква функционална алатка. Тој посочи дека обврската за овозможување на ваков вид на веб-базирани алатки наменети за потрошувачите е наведена во новиот пакет на ЕУ легислатива за електрична енергија, усвоен во мај оваа година.

 

Содржината е прочитана 74 пати.