МАКЕДОНИЈА

Мобилна апликација на Службен весник

Во првите три месеци од инсталирањето користењето на мобилната апликација ќе биде бесплатно, а по тој промотивен период услугата ќе чини 4.500 денари за 12 месеци

среда, 20 ноември 2019

ЈП „Службен весник“ воведе нова алатка за брзо и лесно пребарување на прописите. Преку апликацијата ќе може да се пребарува по: клучни зборови, предметен регистар, доносител и тип на пропис, поставување на нотификации за сите промени во правната регулатива, како и со пребарување на консолидирани текстови на сите закони на кои им се направени измени и дополнувања.

Во првите три месеци од инсталирањето мобилната апликација услугата ќе биде бесплатна и овој промотивниот период сите заинтересирани можат да го искористат за запознавање со услугата. После тој период, услугата ќе чини 4.500 денари за период од 12 месеци.

„Оваа услуга ја гледаме како особено интересна и полезна за инспекциските служби или за новинарите, односно, за сите оние кои се често на терен и во секое време сакаат и треба навреме да добиваат информации за нашето законодавство и за движењата во него“, рече директорот на ЈП „Службен весник“, Мартин Костовски.

 

Содржината е прочитана 283 пати.