МАКЕДОНИЈА

Просечната плата во септември била 25.435 денари

вторник, 19 ноември 2019

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември 2019 година изнесува 25.435 денари, додека бруто-платата е 37.797 денари, објави Државниот завод за статистика.

Просечната нето-плата во септември годинава е зголемена за 4,4 проценти во однос на истиот месец лани.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите транспорт и складирање (8,8 проценти), административни и помошни услужни дејности (7,9 проценти) и дејности на здравствена и социјална заштита (7,3 проценти).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември, во однос на август оваа година е забележано во секторите: јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигурување (5 проценти), образование (3 проценти) и преработувачка индустрија (1,9 проценти).
 

Содржината е прочитана 50 пати.