Здравје/ Убавина

„Herbalife Nutrition“ - живејте модерно со здрав начин на исхрана

Во пресрет на јубилејот 40 години постоење на пазарот водечката нутриционистичка компанија во светот со своите научни истражувања потврдува дека заменските оброци на „Herbalife Nutrition“ претставуваат оптимална исхрана во борбата против дебелината

вторник, 19 ноември 2019

Водечката нутриционистичка компанија во светот „Herbalife Nutrition“ следната година прославува 40 години постоење на пазарот. Во пресрет на големиот јубилеј вчера во Скопје во хотелот „Мериот“ беше организиран свечен настан со едукативен карактер на кој се зборуваше за здравиот животен стил и глобалната инцијатива и кампања „Nutrition for Zero Hungar“.

Директорот на „Herbalife Nutrition“ и одговорен за регионот на Југоисточна Европа, Горан Николиќ зборуваше за улогата и мисијата што ја има компанијата во достапноста на здравата храна.

„Секој ден се консумираат преку 4 милиони хербалајф шејкови во светот. Што претставува голема одговорност и предизвик за квалитетот на секој шејк на компанијата. „Herbalife Nutrition“ е присутна на преку 94 пазари на глобално ниво со годишен приход од преку 5 милијарди долари и со преку 4 милиони дистрибутери. Компанијата има и хуманитарна мисија, за што во 1994 е формирана и „Herbalife Nutrition Foundation која им помага на недоисхранети деца кои имаат проблеми во растот и развојот, во школувањето, со што и враќа на заедницата за еден поквалитетен начин на живеење“, рече Николиќ на прес конференцијата по повод јубилејот.

Д-р Џонатан Јаром од Израел, кој е претседавач и главен извршен директор на Herbalife Nutrition зборуваше за здравиот начин на живеење и здравата исхрана. Тој е поборник за мисијата на компанијата за подобрување на навиките во исхраната на луѓето во целиот свет преку водење здрав активен начин на живот и квалитетна исхрана.
„Што е потребно да се биде здрав? Денес е научно докажано дека луѓето треба да бидат физички активни и правилно да се хранат за да бидат сигурни дека секој ден ги внесуваат потребните состојки. Што е здравје? Дефиниција за здравје е отсуство на болест. Не зависи се од генетиката, таа има влијание 30 проценти, а социјалните околности, односно опкружувањето 15 проценти. Многу е важна околината, средината каде ќе се родиме, бидејќи таа носи и опасности, а последна точка е однесувањето, начинот на кој живеете, што значи многу работи зависат од вас. Популацијата во Европа добива се повеќе на тежина, па така 50 проценти од населението има покачена тежина. Тоа е последица на подобрениот начин на живот и достапност на се повеќе и различни производи. Во светот четвртина од луѓето се со покачена телесна тежина, 8 проценти се со прекумерна тежина, односно се болни. Проблемот станува се посериозен, па СЗО овој тренд го прогласи за медицинска епидемија“, рече д-р Јаром.

Тој појасни дека масните наслаги во телото се поврзуваат со дури 26 заболувања што настануваат подоцна со стареењето. Бројните истражувања потврдуваат дека тоа може да се спречи и до 50 проценти само ако човекот има физички активности и води сметка за исхраната.

„Ако внесуваме само 70 калории повеќе од она што ни е потребно дневно, ќе накачиме 15 килограми за 30 години. Најдобар начин да се бориме со ова е да спречиме тоа да се случи. Секој ден се потребни масти, јаглени хидрати и протеини во одредени количини. Најважен е протеинот, оти се што има во телото е составено од протеини. Многу е важна и хидрацијата, бидејќи телото не може да функционира без вода. А не смее да се потценува физичката активност, напротивм секој ден треба да се вежба барем минимално. Друг важен фактор во исхраната се растителните влакна, на возрасен човек дневно му се потребни минимум 25 грама растителни влакна. Витамини, минерали, фитооксиданси, исто се потребни секој ден. Мастите во исхарата не се лош збор под услов да додаѓаат од добри извори, од омега 3, од некои растенија. Потребно е да се внесува до 30 проценти од цел дневен внес протеини, што значи 1 грам протеин на 1 килограм телесна тежина за лица што се малку физички активни, па се до 1,6 грама протеин на 1 килограм тежина за многу активни луѓе. Јаглен хидратите треба да се смалат на 45 проценти од вкупниот внес на храна дневен, а 30 проценти од исхраната треба да претставуваат добри масти“, истакна д-р Јаром.

Објаснувајќи дека Herbalife Nutrition настојува да му помага на населението да дојде до додатоци во исхраната кои се потребни но секој нема начин да ги внесе од разни причини, д-р Јаром потенцираше дека со примена на исхрана заснована на наука, со ригорозни тестирања за да сме сигурни во сигурноста на производот, со производен процес под строга контрола, овој вид на храна е наменет за луѓе кои сакаат да живеат модерно а да не се лишат од она што им е потребно во исхраната и не сакаат да се хранат со брза храна.

„Тестирањето на квалитетот на производите се прави во секоја фаза на производство, почнува уште на полињата каде се засадени културите на Herbalife, каде што се собира суровината веднаш се проверува дали има ненакви материјали кои се на некаков начин контаминирани, потоа се контролира соодносот на суровините, пак се контролира кога сите состојки се спојуваат во еден производ, кога се пакува како готов производ, па дури и кога ќе биде доставен се зема некој примерок што ќе се тестира за да се утврди дали е тоа она што го пишува на пакувањето. Посебно се води грижа производите да бидат со супериорен квалитет“, рече д-р Јаром.

Според него дел од филозофијата на компанијата е да се користат заменски оброци. Последните 10 години се вршени многу истражувања кои покажале дека не само што е многу сигурно да се користат заменски оброци, туку е многу поефикасен начин да се контролира тежината.

„Компанијата покрива 33 проценти од светскиот пазар со овие заменски оброци. За 10 години предвидувам дека ова ќе биде многу распорстранет начин на внесување заменски оброци. Бидејќи оваа оптимална исхрана има повеќе намени – да се чувствуваме добро, за одржување на здравјето, за регулирање на тежината“, заклучи д-р Џонатан Јаром.
 

Содржината е прочитана 820 пати.