Мода

Изложба на студенти од Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“

Во Францускиот институт во Скопје вечерва ќе биде отворена изложба со креации на тројца студенти од Академијата „Изет Цури“ кои Францускиот институт ги награди за годишно достигнување и успех

вторник, 19 ноември 2019

Во просториите на Францускиот институт во Скопје вечер ќе биде отворена изложба на Интернационалниот институт за мода „Изет Цури”.

На изложбата ќе бидат презентирани креациите на тројца студенти од Академијата за мода „Изет Цури“ кои Францускиот институт во Скопје ги награди за годишно достигнување и успех.

„Тројцата студенти од Интернационалниот институт за мода на ’Изет Цури’ со поддршка на Францускиот институт во Скопје, во септември го посетија Саемот за мода во Париз, како и други модни институции. Денеска токму излогот на Институтот ќе биде местото каде тројцата талентирани студенти Мусли Каралити, Меланија Николоска и Марина Карчевска ќе ги изложат наградените дизајни и пред присутните ќе ги споделат своите впечатоци, импресии и инспирации“, информираат организаторите.

 

Содржината е прочитана 81 пати.