МАКЕДОНИЈА

Маркетинг стратегија „МојДДВ,МојаНаграда“

Новата наградна игра ќе почне од средината на декември и во неа ќе бидат вклучени сите фискални сметки, вклучително и оние со мал и оние со 0 проценти ДДВ

понеделник, 18 ноември 2019

Од средината на декември ќе започне нова наградна игра „МојДДВ, МојаНаграда“ која ќе има за цел да ја унапреди мерката Мој ДДВ. Во оваа нагадна игра ќе бидат вклучени сите фискални сметки, вклучително и оние со мал и оние со 0 проценти ДДВ. Наградниот фонд изнесува половина милион евра, а и ќе се доделуваат парични награди и тоа 10 на дневно, 15 на месечно ниво, како и две главни премии.

Министерката за финансии, Нина Ангеловска денеска го презентираше повикот „ФинХакатон2“ наменет за маркетинг агенции и други домашни компании кои може да понудат иновативна маркетинг стратегија за наградна игра „МојДДВ, МојаНаграда“. во која ќе бидат вклучени и студенти со цел зголемување на бројот на активни корисници на апликацијата „Мој ДДВ“. Маркетинг агенциите на повикот „ФинХакатон2“ може да аплицираат до 27. ноември. Буџетот за имплеметација на маркетинг стратегијате ќе изнесува два милиони денари.

Директорот на Фондот за иновации, Јован Депостовски појасни дека одлучиле да организираат хакатон, а не избор на решение преку класична тендерска постапка, со цел да дадат шанса и на младите и иновативните идеи.

„Покрај правни субјекти, значи етаблирани маркетинг агенции, очекуваме во секој од тимовите да бидат вклучени студенти. Очекуваме дека добитните решенија, зависно од одлуката на Комисијата ќе биде партнерство помеѓу етаблирана компанија и студенти“, рече Деспотовски.

атпреварот ќе трае три дена и ќе се одржи во Министерство за финансии, а на 1 декември ќе биде презентирано избраното најдобро решение.

„Апликацијата Мој ДДВ е многу популарна меѓу граѓаните, тоа го покажуваат и бројките, 170.000 граѓани месечно скенираат фискали сметки и во просек имаме околу 8 милиони фискални сметки на месечно ниво. Ако го споредеиме првото тримесечие откога беше лансирана оваа апликација со истото тромесечие во 2018 година ќе видиме дека се работи за пораст на наплата на нето ДДВ од 23 отсто“, рече министерката Ангеловска.

Првите пари од повратот на ДДВ за скенирани сметки за месеците, јуни, јули и август, ќе бидат исплатени до средината на декември, кога на сметките на граѓаните ќе легнат вкупно 3 милиони евра.

 

Содржината е прочитана 93 пати.