Бизнис вести

Осмото издание на Самитот Македонија2025 во знак на најзначајните општествено економски и социјални теми

На Самитот ќе дебатираат 50-ина говорници на 10 панели, а ќе присуствуваат 400 учесници од државава и од странство

среда, 13 ноември 2019

Самитот Македонија2025 кој се одржува од 13 до 15 ноември ќе донесе значајни квалитетни содржини, а базира на две основни теми поврзни со најгорливите проблеми во државата – миграциите на квалификувана работна сила и аерозагадувањето.

Оттаму, првата тема ќе зборува за тоа кои се професиите и вештините кои ќе бидат потребни во иднината и кои се оние кои изумираат, а втората се иновациите што треба да придонесат за намалување на загадувањето, а на која ќе присуствуваат сите чинители, компании, владини институции, невладин сектор, едукативни институции, донатори кои ќе финансираат вакви проекти.

На Самитот ќе дебатираат 50-ина говорници на 10 панели, а ќе присуствуваат 400 учесници од државава и од странство. Покрај базичните теми ќе се говори и на други теми од областа на инвестициите, иновациите образованието, деловното опкружување, животната средина и корупцијата.

„Доколку земјата ги фокусира своите напори за напредок во овие области ќе стасаме таму каде што посакуваме, а тоа е подобрување на нашиот животен стандард и приближување на тој во Европската унија. Тоа е она што ќе донесе просперитет и ќе влијае за намалување на имиграцијата и одливот на мозоци“, рече Никица Мојсовска Блажевски, главен извршен директор на Македонијса2025 на отворањето на Самитот.

Нашиот БДП по глава н жител е 37 проценти од просекот во ЕУ. Годинава ќе расте за 3,7 отсто, што е подобро од лани, но според Мајк Зафировски, еден од основачите и член на Управниот одбор на Македонија2025, потребен е економски раст од 5-6 проценти за севкупно подобрување на состојбата во македонската економија.

„Мислам дека за ова треба да се согласат двете главни политички партии, но сметам дека мора да постои ментален склоп што ќе го поддржува ова“, рече Зафировски.

Според него, како ќе се подобрува економската состојба, така и инвеститорите вклучително и тие од дијаспората ќе доаѓаат се повеќе. Тој смета дека е многу важно и јакнење на домашните бизниси кои треба да бидат присутни и на меѓународните пазари, како и финансиската поддршка за нивен развој.

Во дијаспората имаме околу 500.000 – 600.000 иселеници, а меѓу нив и вистински професионалци кои сакаат да помогнат на нашата земја. Зафировски, како еден од науспешните Македонци бизнисмени во дијаспората на прашањето кои се позитивните аспекти што тој ги забележува доаѓајќи во нашата земја особено работно преку Самитот веќе осум години, одговори:

„Најголемото подобување во последниот период е менаџментот, односно управувањето и самите работници. Порано честопати се спомнуваше дека Македонците кога одат да работат во странство работат вредно, за разлика од тоа кога работат дома. Но, оние луѓе кои поминаа низ програмата ’Зафировски’ и низ други програми во рамки на нашата организација, можам да кажам дека работат многу вредно. Во една од водечките бинис школи во светот имаше четворца извршни раководители од Македонија кои присуствуваа на настанот таму заедно со други раководители од светот и одговорот што го добив од Универзитетот беше дека нашите беа најдобрите таму. Мојата цел е да видам овие луѓе да останат во земјава. Така, краткиот одговор на прашањето е квалитетот во управувањето со цел луѓето да останат тука и да и помогнат на земјата да просперира“, рече Зафировски.

Целта н Самитот Македонија2025 е да сподели знаења, да пренесе иновации и да иницира и мотивира економски реформи.
 

Содржината е прочитана 160 пати.