Бизнис каталог

БИЗНИС КАТАЛОГ 2014

Пред вас е летното издание на Бизнис каталогот на Република Македонија, кој оваа година се издава по осумнаесети пат. Намерата ни беше со нови содржини, кои се поактуелни во овој период од годината, да понудиме атрактивен промотивен материјал за нашата земја, особено во делот на туризмот, но и во градежништвото како и за најактуелните теми од културата, медицината, модата, спортот и др. За сите овие значајни поглавја зборуваат нашите ексклузивни гости, преку нивните интервјуа, создавајќи атрактивни информативни и едукативни поглавја што ќе ги задоволат вкусовите и на најприбирливата домашна и странска читателска публика.

Каталогот е присутен и во продажната мрежа во Скопје и поголемите градови низ државата, а во делот на авиосообраќајот присутни сме во Бизнис и Вип салоните на ТАВ Македонија, и со понагласен дотур на Охридскиот аеродром, особено со ова летно издание на каталогот.

И во иднина остануваме доследни на новиот концепт на каталогот со што уште повеќе ќе придонесеме за европски лик на промотивните материјали за нашата земја, кои ексклузивно зборуваат за нашите севкупни потенцијали за развој и инвестиции.

Електронско издание
БИЗНИС КАТАЛОГ 2014
(Adobe Flash version)
Содржината е прочитана 492 пати.