Бизнис вести

Народна банка: „Раст на економијата од 3,5 отсто“

Двигатели на растот ќе бидат извозот, инвестициите и личната потрошувачка

четврток, 07 ноември 2019

Народната банка ја задржа проекцијата за раст на македонската економија од 3,5 отсто за годинава, со натамошно зголемување од 3,8 отсто за следната и од 4 проценти за 2021 и за 2022 година, соопшти денеска на прес-конференција гувернерката Анита Ангеловска Бежовска.

Двигатели на растот ќе бидат извозот, инвестициите и личната потрошувачка.

„Позитивен импулс врз растот и натаму се очекува од домашната побарувачка, натамошниот раст на личната потрошувачка и од закрепнување на инвестициската активност, додека придонесот на нето-извозот се оценува како негативен“, изјави Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката смета дека изборите може да влијаат на забавување на економската активност генерално, но, оти ефектите би биле на пократок рок. Според неа, важно е да се продолжи со структурните реформи, за кога ќе завршат изборите да се оствари повисока стапка на раст.

Надолна ревизија е направена и на проекцијата на инфлацијата на еден процент за оваа и 1,5 проценти за следната година.

Кредитната активност на банкарскиот сектор и натаму се оценува како важен фактор за поддршка на економскиот раст и се очекува кредитниот раст за 2019 да изнесува 5,4 проценти.
 

Содржината е прочитана 51 пати.